Почувствуван нов силен земјотрес во 00:28 часот во Хрватска

Тлото во Хрватска не престанува да се тресе. Синоќа во 00.28 часот бил почуствуван нов земјотрес, кој според ЕМСЦ имал јачина од 3.9 степени по Рихтер.

Се уште нема точни информации за епицентарот, но според првичните податоци и овој пат потресот бил на подрачјето кај Петриња и Сисак.

Потресот бил почуствуван и во Загреб, како и во дел од Босна и Херцеговина.