Србија ќе ја добие и кинеската вакцина против Ковид-19

Премиерот на Србија, Ана Брнабиќ денес во посета на Универзитетската детска клиника „Тирчова“, каде здравствените работници примаа вакцина против коронавирусот истакна дека кинеската вакцина добила зелено светло во Србија.

“Сакам да кажам јасно дека сите во Србија кои сакаат да бидат вакцинирани – ќе имаме вакцини за нив. Во моментов имаме вакцина за четири милиони луѓе. Утре ќе добиеме дополнителни количини од 18.525 дополнителни дози вакцини Фајзер. Народна Република Кина одобри дозвола за извоз вакцини за Србија. Очекуваме уште 500.000 дози вакцини „Спутник V“ и ги имаме сите предуслови да започнеме масовна имунизација “, истакна Брнабиќ.