Вредноста на акциите на компанијата „Твитер“ паднаa за скоро четири проценти, откако социјалнаta мрежа трајно го укина профилот на американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп.
Цената на акцијата сега е 49,54 американски долари, што е за 3,77 проценти помалку отколку во петокот, кога беше 51,48 УСД.
Официјалната причина за трајната забрана е ризикот од понатамошно поттикнување на насилство од страна на Трамп, пишуваат американските медиуми.
Актуелниот претседател на САД сепак имаше повеќе од 88 милиони следбеници на Твитер.