Падна вредноста на „Твитер“ по укинувањето на профилот на Трамп

Вредноста на акциите на компанијата „Твитер“ паднаa за скоро четири проценти, откако социјалнаta мрежа трајно го укина профилот на американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп.

Цената на акцијата сега е 49,54 американски долари, што е за 3,77 проценти помалку отколку во петокот, кога беше 51,48 УСД.

Официјалната причина за трајната забрана е ризикот од понатамошно поттикнување на насилство од страна на Трамп, пишуваат американските медиуми.

Актуелниот претседател на САД сепак имаше повеќе од 88 милиони следбеници на Твитер.