(ВИДЕО) Македонија против Австрија и Украина ќе одигра на Националната арена во Букурешт, еве како изгледаат сите стадиони за ЕУРО 2021 

Македонската фудбалска репрезентација, летово за прв пат ќе биде дел од 24 држави кои ќе играат на Европското првенство.

Македонија, на ЕУРО 2021, за противници ќе ги има Австрија, Украина и Холандија. Првите два натпревари ќе ги одигра на Националната арена во романската престолнина Букурешт.

Македонија на континенталните шампионати ќе дебитира на 13.јуни против Австрија, а на 17.јуни ќе го одигра натпреварот против Украина.

За овие два натпревари македонските репрезентативци ќе се подготвуваат на стадионот, на поранешниот европски првак, Стеауа.