Каракачанов: Доставивме анекс со 12 точки, Македонија треба да го потпише за да добие датум за преговори уште овој месец

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов, во телевизиско интервју истакна дека до Македонија е доставен анекс договор со 12 точки и ако биде потпишан има шанси преговрите со ЕУ да започнат овој месец.

Според него, Република Северна Македонија имала шанса да одреди датум за преговори во ноември минатата година, но не сакала да го искористи тоа.

-Во македонската свест постои негативна слика за Бугарија, со навредливи квалификации. Северна Македонија има шанса да добие датум за преговори во јануари или февруари, ако го потпишат анексот од 12 точки што го доставивме, изјави бугарскиот министер.

Каракачанов додаде дека Бугарија е за проширување на ЕУ на Западен Балкан, но процесот го поречува говорот на омораза кон сè што е бугарско.