СДСМ својот лидер ќе го бира на непосредни избори

Централниот одбор на СДСМ одлучи идниот претседател на на партијата да биде биран на непосредни избори, на кои право на глас ќе има секој член на СДСМ.

На денешната онлајн седница на Централниот одбор на СДСМ донесовме сериозни одлуки што значат уште поголема демократизација на нашата партија. Започнуваме со постапката за организација на првите непосредни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ, следува ажурирање на базата на податоци и регистрација на членовите кои ќе гласаат за нов претседател на партијата оваа година. Усвоивме Кодекс за однесување на членовите и функционерите на СДСМ што е чекор кон зголемена одговорност, отчетност и транспарентност на партијата, објави Зоран Заев.

Тој додава дека СДСМ во новата година влегува со нова енергија подгтовени да одговори на сите предизвици.

#СДСМ победува, но и постојано се менува, се подобрува, за уште подобро да им служи на граѓаните!На денешната онлајн…

Posted by Zoran Zaev on Tuesday, January 5, 2021