Овие работи треба да ги исфрлите од домот, сигурно сите имате по некоја од нив

Сите ние имаме неколку работи во домот за кои длабоко во себе знаеме дека не ни требаат, а само ни зафаќаат простор, но ги чуваме со помислата „некогаш ќе ми затреба“. Почетокот на новата година е идеален период конечно да ги исфрлите и да го исчистите домот, а експертот за организација, Стеф Пејс ве советува да започнете со овие работи – секој од нас сигурно има барем по неколку.

„Да се ​​изнесат непотребни работи од дома може да биде тешко, а проблемот што го имаат повеќето луѓе е прашањето дали ќе жалат што фрлиле нешто”, напиша таа на својот блог.

Потоа, таа направи список со 20 работи што сигурно нема да ги користите, ниту ќе ви притребаат, а сигурно ги имате дома.

Списокот вклучува стари ДВД, скршени играчки, искинати чорапи, сите скршени ситници во куќата, скршени пенкала, истрошени батерии, стара шминка или витлери за коса, стар, расипан накит, зачини со поминат рок…

Списокот вклучува разни кутии, сите расипани уреди, облека на која има дупки, стара постелнина што не ја користите, стари лекови со поминат рок, стари сметки од продавници, картички и визит-картички што не ви се потребни, кутии за чевли, подароци што не ги сакате и не ги користите, облека за деца или за возрасни што повеќе не ги носите…

Најверојатно е дека ниту една од овие работи нема да ви требаат понатака. Со нивното отстранување ќе направите повеќе простор во домот и сè ќе изгледа поуредно.