Што е поштетно за кожата: Употреба на средства за дезинфекција или често миење со сапун?

Може ли честата употреба на средства за дезинфекција на рацете да ја оштети кожата? Германскиот експерт Јохан Ноблок, раководител на одделот за хигиена на Универзитетскиот медицински центар во Хамбург, дава одговор на ова прашање.

Тој тврди дека зголемената употреба на средства за дезинфекција на рацете уште од почетокот на пандемијата на коронавирусите е целосно безопасна и дека само во ретки случаи бактериите можат да станат поотпорни на средства за дезинфекција – не се имуни, посочува тој, само малку поотпорни.

Покрај тоа, ова се производи кои биле дерматолошки тестирани, се исклучително добро толерирани и нема да предизвикаат реакција на кожата.

Околу 15.000 вработени во Универзитетскиот медицински центар во Хамбург ги користат дневно, медицински сестри до четириесет пати во смени.

„Нетолеранцијата или алергиската реакција се исклучително ретки, па дури и тогаш тоа е главно последица на ароматични или навлажнувачки адитиви“, вели германскиот експерт.

Хирурзите, објаснува Ноблок, ги дезинфицираат рацете три минути пред операцијата. „Тие буквално ја натопуваат кожата со алкохол и нема никакви последици.

Тој исто така забележува дека дезинфекцијата на рацете со алкохол е веројатно подобра за кожата отколку да ги миете премногу често со сапун.

Германското дерматолошко друштво исто така советува дека е подобро да се користи средство за дезинфекција на кожата отколку сапун, по што би било идеално да се намачкаат рацете со крем.