Претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета, вчера ја украсија новогодишната елка во Канцеларијата на Претседателот, или сега познато како Млади Хаб.
Василиј, Тихон, Наума, Христо, Марио, Матеј, Стефан, Ана-Марија, Дарко, Јована, Елена, Цако, Илина, Ники, Игор, Ива и Денис со мене и сопругата Бети ја украсија новогодишната елка во #МладиХаб – Канцеларија на претседател. Заедно со Кристијан се обидовме да им ја доловиме магијата на претстојните празници на децата и младите од “Трисомија 21”. Празниците може да почнат! – напиша Пендаровски на фејсбук.