Крај на една ера: По 24 години , откажана ревијата на Victoria’s Secret

По 24 години , сега официјално е откажана модната ревија на Victoria’s Secret.

Компанијата L Brands, под која се наоѓа овој бренд за долна облека, потврдија дека годинашната модна ревија, која стана култен феномен, нема да се одржи оваа година. Тие ја донеле одлуката затоа што компанијата се обидува да најде нов начин за комуникација со клиентите.

Веќе некое време, Викторија Сикрет се бори за да се справи со зголемување на физичката разновидност и инклузивност со потрошувачите.

Марката се здоби со популарност на некои сосема различни темели – нивните „ангелски“ модели секогаш беа само најжешките жени во индустријата, со беспрекорни тела.

Сега сфатија дека ќе треба да го променат тоа и затоа започнаа да ангажираат плус сајз модели.

Сепак, компанијата објави дека планираат „настан за модни ревии“ во сезоната на Божикни празници. Манекенката Ирина Шајк веќе објави во јуни за „Дејли телеграф“ дека завршува шоуто на Викторија Сикрет.

Првото шоу се одржа во 1995 година и привлече милиони гледачи, обезбедувајќи им sвезден статус на моделите.

Тајра Банкс, Жизел Бундхен, Хајди Клум, Алесандра Амброзио, Адријана Лима и Миранда Кер се само некои од моделите кои станаа sвезди благодарение на титулата Ангели на Викторија.