(ВИДЕО) Емотивна прослава на тренерот кој успеа да го победи големиот Ливерпул

Во рамките на 17.коло во Премиерлигата, Саутемптон на свој терен со 1:0 го победи Ливерпул. Тоа беше сензационален триумф на аутсајдерот, но сосема заслужен.

Кога судијата означи крај на мечот, тренерот на домашните Ралф Хазенхитл, клекна на колена и почна да плаче. Емотивно прославување на триумфот над големиот ривал. Несекојдневен потег на германскиот стратег, кој успеа тактички да го надмудри својот сонародник Јирген Клоп.

https://twitter.com/i/status/1346214803778510850