Мицкоски: Економската политика е катастрофална и државата оди во погрешен правец

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицкоски на неговата денешна пресконференција, кажа дека економската политика е катастрофална и дека државата оди во погрешен правец. Според Мицкоски годината која ја најавуваа за економска е впрочен најтешката и најсиромашната за живот.

Мицкоски, како што кажа тој, денес ја разобличи една од најголемите лаги Зоран Заев и СДСМ  во економска гледна точка, а тоа е најавените 5% раст на БДП. Од денот кога се избрани заклучно со третиот квартал, тоа не е ни половина, односно не е ни 2.5%, истакна Мицкоски.

Минималниот раст кој го имаме сега е заради производството на гасната централа ТЕ-ТО, за која како што кажа имаме многу донеречености како го реализира своето работење. Но она што е аларматно е падот во преработувачката индустрија, која има негативна вредност, рече Мицкоски.

Ниту просечната плата, која требаше да биде 30.000 денари не е постигната.

Како поминува времето со СДСМ на власт, така расте разликата помеѓу извозот и увозот, имено во третиот квартал оваа разлика изнесува 34%. Со што извозот има за 34% помала вредност во однос на увозот споредбено 2018 со 2019 година, вели Мицкоски.

Според Мицкоски ова се бројките кои ја покажуваат катастрофата во економија, тоа е показател дека се движиме во погрешна насока, а сето останато е само погрешна слика за економијата. Кога велат дека блескаме како економија според Мицкоски се  работи за политички ПР или за класично незнаење од страна на власта.

Во однос на даночната политика Мицкоски потсети на пиши бриши политиката, кога се зголемува, па повторно се намалуваа даноците.

Најголемата лага според Мицкоски е ветувањето дека данокот на добивка за ИТ индустријата ќе го намалат за 5%, што не се случи. Затоа, сега имаме одлив на фирми од земјата во странство, кои бегаат од Македонија и формираат свои претставништва во соседните земји, што се гледа преку податокот кој укажува дека додадента вредност во ИТ секторот во вториот квартал од 2019 е намалена за 4.7%.

Мицкоски го искоментира и буџетот за идната година кој е за 7% поголем од буџетот за оваа година, а кој буџет не може да биде исполнет затоа што до крајот на година ќе фалат пари.

Катастрофална е и наплатата на данокот на добивка, имено во период јануари – ноември имаме за цели 23.7% помал од планираниот, односно за 20% од тој кој бил собран во 2018 година.

Надежта не смее да се губи вели Мицкоски бидејќи најдобрите денови за Македонија и македонската економија допрва доаѓаат, а тие доаѓаат со програмата за обнова на Македонија, во која ќе има предвидено оданочување соодветно на потребите на стопанството и повеќе капитални инвестиции. За сето тоа да се реализира ќе има бескомпромисна борба со корупцијата и криминалот.