Утро после пијанство – овој сок ќе ви ја реши маката

Иако нема организирани прослави, се слави дома, во периодов на празници лесно може да се случи да испиеме неколку чаши повеќе.

Ако се разбудивте утрото со главоболка и гадење, мислејќи „што ми требаше да пијам толку многу минатата ноќ“, не очајувајте затоа што еден домашен сок може лесно „да ве стави во погон“.

Во блендер направете сок од јаболко, морков и парчиња ѓумбир, и за еден момент ќе се чувствувате подобро.

Факт е дека алкохолот создава слободни радикали, но бета-каротинот што се наоѓа во морковот е лек за тоа.

Антивоспалителните својства на ѓумбирот ќе го смират гадењето, а јаболката се важен извор на витамин Ц.