7 чекори до поздрав живот во 2021 година

Ако сакате да бидете поздрави и да се чувствувате подобро во 2021 година, постојат мали промени во секојдневниот живот што даваат одлични резултати.

Овие 8 промени во исхраната ќе ве направат поздрави, ќе ви дадат повеќе енергија!

1. Додадете зеленчук во секој оброк

Дури и да е на страна, како салата. Јадете краставица со сендвич, домат со тестенини или црвен пипер со друго јадење.

2. Планирајте ги оброците

Од купување намирници до спремање оброк, ќе имате подобар увид во вашите потреби, време на подготовка и со тоа нема да бидете во искушение да јадете нешто набрзина.

3. Ако веќе треба да порачате храна…

Нарачаувајте само двапати неделно. И секогаш бидете сигурни дека е од докажан ресторан, каде состојките ќе бидат барем што е можно поздрави во однос на „нездравата храна“.

4. Грицкајте здраво

Наместо соленки, чипс и слични „ужаси“ за здравјето, оставете ја вашата ужинка да биде сирење, ореви, варени јајца или јогурт.

Ако навистина сакате да јадете храна што не е дозволена во вашата исхрана, јадете ја еднаш неделно. Но, немојте  набрзина да ја проголтате, туку седнете, посветете си време и јадете полека, уживајќи во тоа што толку многу го посакувавте.

5. „Навијте го часовникот“ за оброци

Дали некогаш сте се запрашале колку долго јадете? Би било оптимално оброкот да трае 15 минути, што значи дека ќе ја џвакате храната доволно долго.

6. Не паѓајте на „здрава“ храна

Производите со малку маснотии честопати се полни со шеќер и сол, за да го компензираат изгубениот вкус со отстранување на маснотиите. Јадете мала количина храна што ја сметате за нездрава, барем ќе знаете што добивате. Прочитајте и како „лажат“ етикетите на здравата храна!

7. Пијте чај

Ако сакате слатки пијалоци, постојат голем број на здрави чаеви кои можете да ги засладите со мед, да додадете лимон, цимет, тие ќе го задоволат вашето чувство за вкус и вашата потреба да пиете нешто слатко.