Првото бебе во Македонија се роди една минута по полноќ, прво па машко

Првото бебе родено во земјава во 2021 година е машко, тешко е 3 650 грама и е долго 51 сантиметар, информираше Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје. Новороденчето е родено во 00:01 часот а мајка на бебето е скопјанката Бојана Смилеска. Ова е нејзино второ, спонтано породено дете.

Болницата ја сподели и белегзијата со број 1 на новороденчето.

Универзитетската Клиника објави и фотографии од тимот кој го донесе на свет првото новороденче годинава, но и кој дежураше за време на новогодишната ноќ.