Најубавите божиќни пазари во Европа кои треба да ги посетите

Новогодишно украсени куќички, многу светилки по улиците, мирис на вкусна храна и пијалаци – каде се најубавите божиќни пазари во Европа за 2019-та?

Празничната магија веќе може да се почувствува низ улиците на некои европски градови, а ако сакате да бидете дел од оваа магична бајка, одберете кој божиќен пазар ќе го посетите оваа година.

Според минатогодишните искуства, патувачите на European Best Destinatios ги изгласаа најубавите божиќни пазари, а оваа година прв на листата е оној во Талин. Имате уште малку време да испланирате патување за до крајот на годината.

Погледнете листа со европски градови кои треба да ги посетите во празничната сезона:

Талин, Естонија

Будимпешта, Унгарија

Стразбур, Франција

Виена, Австрија

Прага, Чешка