Ова се намирниците кои го прочистуваат дебелото црево

Ракот на дебелото црево е сè почест карцином кој ги погодува сè повеќе младите луѓе. Затоа, важно е да знаеме што му штети на овој дел од дигестивниот систем и што можеме да сториме за да му помогнеме да функционира правилно. Од цревата започнуваат повеќето болести, поради што нивното здравје е навистина суштинско.

Дебелото црево е крај на дигестивниот тракт. Тоа е дом на милиони бактерии, од кои некои се корисни, а други се штетни или безопасни. Врши микробиолошко варење на храната, како и апсорпција на вода и електролити од неа. На овој начин учествува во процесот на хидратација на телото. Складира и помага да се оддели отпадот од храната што ја конзумираме.

И, како што нашата исхрана влијае на мозокот, срцето и секој друг орган, така и не е безначајна за дебелото црево. И еве ја храната што треба да ја вклучите во вашето мени за да помогнете во чистење и намалување на ризикот од развој на рак.

Грав и леќа

Сите членови на ова семејство се полни со растителни влакна. Затоа, луѓето кои ги консумираат редовно имаат 35% помал ризик од развој на полипи во дебелото црево, што може да се развие во рак. Оваа храна содржи и фитохемикалии кои имаат антиканцерогени својства.

Кафеав ориз и киноа

Важно е да се консумираат цели зрна кои биле подложени на минимална обработка. Затоа кафеавиот ориз е покорисен од белиот – содржи многу повеќе влакна, кои го чистат дебелото црево.

Семе од чиа

Влакната се причина да ги вклучиме во нашето мени. Две лажици е еднакво на 10 грама влакна, што е 40% од нашите дневни потреби.

Влакната влијаат на дебелото црево на клеточно ниво, а исто така помагаат полесно да се исфрлат сите токсични материи од процесот на преработка на храна.

Брокула, карфиол, бриселска зелла

Се покажа дека редовната потрошувачка на дел од варен зеленчук од овие три вида го намалува ризикот од рак на дебелото црево за 24%. Причината е повторно влакната, пренесува The Healthy.

Лосос, сардини и пастрмка

Меѓу сите други придобивки, тие се корисни и за дебелото црево. Омега-3 масните киселини што ги содржат можат да го запрат растот на клетките на ракот во дебелото црево, па дури и да ги уништат.

И кај луѓето кои страдаат од оваа болест, тие го намалуваат ризикот од смрт, причина за тоа.

Ореви

Причината е повторно омега-3 масни киселини. Овие ореви содржат специфично алфа-линоленска киселина, која го чисти дебелото црево. Но, оревите помагаат и во создавање поздрава цревна флора и спречуваат појава на тумори.

Јогурт

Сите знаеме колку е корисно – поради пробиотиците што ги содржи. Благодарение на нив, со редовна потрошувачка, може да го намали ризикот од рак на дебелото црево за скоро 40%. Корисните бактерии исто така ја намалуваат количината на гас што се ослободува при јадење одредена храна, како што се овошје и зеленчук.

Што да избегнувате

За добро здравје на дебелото црево и да го намалиме ризикот од рак, мора да заборавиме на преработеното месо, да ја намалиме количината на црвено месо, да се држиме до пилешко и риба и да не пиеме повеќе од една чаша алкохол на ден.