До каде со овој менталитет – украдени тазе засадени дрва

Откако од Град Скопје посадија 600 садници покрај новиот булевар „Христијан Тодоровски Карпош“, украдени се 30 од нив во рок од 24 часа.

-Станува збор за садници кои се засадени во рамки на големата акција со која оваа есен над 15.000 листопадни и зимзелени садници, грмушки, перени и топијари ќе го раззеленат Скопје. Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ ја санираа штетата и веднаш посадија нови дрвја на истата локација. За жал, ова е еден од честите случаи за оштетување и уништување на јавните добра во Градот, а истиот е пријавен во МВР, велат од Град Скопје.

Оттаму апелираат да се чува зеленилото, бидејќи, како што велат, чисто Скопје е стремежот за сите нас.

Изминативе денови украдени се повеќе од 30 дрвја покрај новоизградениот булевар Христијан Тодоровски Карпош во Бутел….

Posted by Град Скопје on Monday, December 28, 2020