Нелегалното градење е еден од најголемите проблеми во Албанја од падот на комунизмот во 1990 година, кога голем број жители се преселија во градовите, што услови масовна града со слаба контрола од власта.
Од падот на комунизмот, голем број жители на Албанија се преселија во блиските градови, населувајќи земја и објекти кои властите не ги контролирале премногу.
Голем број од објектите претходните влади ги легализираа во цел да добијат гласови, но и да ги урбанизираат тие области, воведувајќи канализациски системи и патишта.
Полицијата и обвинителството соопштија дека првичните истраги покажале дека „причината за губењето животи во урнатите згради е тоа што градежниците, инженерите и инвеститорите не се придржувале на правилата, нормите и стандардите на безбедна изградба“, пренесува Ројтерс.
Две од лицата кои досега се притворено по обвинија за убиство се сопственици на два хотела во Драч кои се урнаа, при што загинаа четири лица.
Двата хотели се изградени нелегално, а се наоѓале на јадранскиот брег, јужно од Драч.
Третото уапсено лице е менаџер на хотел во сопственост на полицијата во кој загинал висок полициски функционер..
Тимовите за истраги за земјотресот во Драч потпишаа 17 наредби за притвор на инвеститори, градежни инженери и официјални лица поради прекршување на безбедносни стандарди при градење.
Од вкупниот број издадени наредби уапсени се девет лица додека по другите се трага, но основано се сомнева дека ја напуштиле земјата.
Меѓу уапсените се Ружди Џека (79) градител на хотелот „МираМаре“,каде загинаа две лица и Абдула Осман (61) градител на хотелот Тропкал“, каде загинаа двајца браќа од Косово. Полицијата не успеа да го уапси градителот на четрикатната куќа на фамилјата Лала каде животот го загубија осум членови, кој веднаш по земјотрсот ја напуштил земјата.
Обвнителството во Драч повикало на распит 90 лица: инженери, сопственци на објекти, инвеститори и други надлежни. Истрагата опфаќа најмалку 60 градежни фирми.
Албанија допрва треба да ја пресмета цената за изградба на станови за 14.000 луѓе кои останаа без покрив над главата во земјотресот.