На интервју направено за телевизија НОВА, премиерот Зоран Заев на прашањето дали сега има правда и мир, изјави дека како никогаш до сега немало повеќе правда и мир во оваа држава. Исто така истакна дека во периодот на владеењето на оваа Влада биле решени сите крупни проблеми што ги имала нашата држава, а тие успеси ги потврдил и Макрон.

На прашањето дали постојат договори помеѓу едната и другата партија за да се забошотат некои криминали и зошто за некои случаи судот постапува експресно, а во некои се одолговлекува во бескрај, кажа:

-Зарем крварев за да се договорам со некој тајно? Зарем семејството ми беше под закани целиот период, како и многу други семејства во нашата земја, за да некој тајно да се договори со кој? Со бегалецот да се договорам во Унгарија? Со Сашо Мијалков? Со кој да се договорам во државата? Можам да се договорам само со мојот народ. Да доживее правда и да се понесе одговорност од секој – кажа Заев.

Тој истакна дека притворите не се правда.

-Судските пресуди се правдата. Кога треба да има конечна пресуда и некој да си ја одлежни казната- изјави Заев.

„Ние сме горди што овозможивме независно, непристрасно, без притисоци јавно обвинителство да истражува случаи како „Рекет“. Кажете ми каде во Европа има таков случај, каде газдите на медиуми кои се про-владеачки се обвинети во судски процес, а тоа е мал доказ за враќањето на правната држава. Но доколку ова се случеше во минато време, власта тогашна, дел од врхушката ќе ги собереше парите, а тој што ги дал имаше да молчи, оти ќе види!“ одговори Заев на прашањето за инспекцискиот надзор на УЈП за оние луѓе кои се финански моќни и поврзани со власта.

Погледнете го интервјуто во прилог.