Рекордна вредност на Биткоинот – најголема досега

Вредноста на дигиталната валута Биткоин се зголеми за шест проценти во текот на 26 декември и повторно достигна рекордно високо ниво.

Една единица од оваа криптовалута во моментот вредеше 25.005 американски долари. Ова е еден од острите скокови на вредноста на биткоинот, што следеше по силниот пад, кога вредноста на еден Биткоин изгуби над шест проценти.

Оваа криптовалута доживеа изненадувачки успех за време на пандемијата на коронавирусот. Од март, кога вредеше 5000 долари, до денес, вредноста на биткоинот е зголемена за 400 проценти.

Најстарата и најголема криптовалута во светот според пазарната капитализација, Биткоин, ја надмина психолошката граница од 22.000 долари за прв пат на 17 декември.

Со зголемувањето на вредноста на Биткоин, се очекува зголемување на потрошувачката на електрична енергија во некои делови на светот, особено во Кина, како и загадувањето, што е сè поголем проблем на ваквите технологии.