6 грешки што ги правиме со пиењето вода

Знаеме дека хидратацијата на организмот е многу важна за нормалното одвивање на многу процеси во него.

Водата влијае на здравјето, тежината, излачувањето на токсините, па дури и расположението и способноста за учење и концентрација. Но, постојат грешки што ги правиме при внесот на вода.

1. Пиеме осум чаши вода на ден

Затоа што некаде го прочитавме тоа, нели? Не, количината на вода што е потребна е иста за секого. За да пресметате колку ви треба во литри на ден, множете ја вашата телесна тежина во килограми со 0,033.

2. Пиеме вода веднаш штом ќе станеме

За време на спиењето, губиме течност и се будиме жедни, но пиењето вода на празен стомак не е најдобро решение. Пијте чаша млеко или сок од портокал, или „грицнете“ нешто прво, организмот подобро ќе ја користи водата ако има подлога со храна.

3. Забораваме на храната богата со вода

Исто така се смета во дневниот внес, а повеќето храна богата со вода содржи и калиум, што е многу важно за правилна „употреба“ на вода во организмот.

4. Не јадеме доволно сол

Натриумот поддржува рамнотежа на течности, и точно е дека премногу сол е штетно, но не треба да го земаме воопшто.

5. Не ги броиме кафето, чајот и други пијалоци

И тие содржат вода и влегуваат во нашиот дневен внес на течности.

6. Пиеме вода после вежбање

Ако почнете да тренирате жедни, така ќе го завршите тренингот и тоа не е добро за вас. Ние губиме течност за време на физичка активност, па затоа е важно да пиеме вода пред тренинг, и да пиеме за време на вежбањето. Не мора да бидат големи количини, важно е телото да не остане без вода околу еден час.