И годинава пазарите се панаѓур за петарди

Неовластената употреба на пиротехнички средства е казнива согласно Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, Законот за заштита од експлозивни материи и Кривичниот законик на Република Македонија.

Увозот и продажба на експлозивни материи е казнив. Законот предвидува парични, но и затворски казни од 3 до 10 години за сторителите. Но, очигледно, продавачите на пазарите од казните не се плашат или законот не важи за нив. Освен полицијата и родителите треба да водат грижа пиротехнички средства да не се најдат во рацете на нивните малолетници. Според законот, и родителите на малолетници што не навршиле 14 години ќе мора да платат од 600 до 800 евра доколку нивните деца активираат петарди.

И оваа година пазарите пред новогодишните и божиќните празници е вистински панаѓур од пиротехнички средства. Иако е противзаконски, петарди и ракети од различен калибар се продаваат слободно на импровизирани картонски тезги пред очите на сите, па и на полициските службеници.

Цената на петардите во зависност од количината на парчиња во кутиите се движат од 80 до 200 денари.

Согласно Кривичниот законик оној што неовластено изработува, држи, продава, набавува или врши размена со огнено оружје, муниција или експлозивни материи, ќе се казни со затвор од три до десет години – па според тоа МВР би требало да има полни раце работа. Но, очигледно продавачите на пазрите не се плашат од казните или законот не важи за нив.

Петардите и ракетите што ги продаваат на пазарите најчесто немаат декларација за составот, бидејќи во нив може да има и високоексплозивни средства. Најчесто, петардите се употребувани од малолетници. При неправилно користење петардите и ракетите може да експлодираат во раце на малолетниците и да доведат до хируршки интервенции. Пред секоја Нова година и по неколку деца завршуваат со повреди (изгореници, контузии, па дури и ампутации) на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија и на Ургентниот центар.

Освен полицијата и родителите треба да водат грижа вакви пиротехнички средства да не се најдат во рацете на нивните малолетници. Според законот, и родителите на малолетници што не навршиле 14 години ќе мора да платат од 600 до 800 евра доколку нивните деца активираат петарди.

Статистиката опоменува со црни бројки. Секоја година од употреба на петарди и други пиротехнички средства во светот 150.000 лица остануваат трајни инвалиди. 80% од нив се со посериозни повреди.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат законските прописи и да соработуваат со полицијата, доколу забележат лица кои продаваат пиротехнички средства и да ги пријават на полициски службеници лично или преку телефонскиот број 192. Апелираме особено до малолетниците да не употребуваат петарди, бидејќи тие претставуваат опасност за нивното здравје.