Рекорден број од 4,6 милиони новозаразени со коронавирус во светот

Повеќе од 4,6 милиони нови случаи на коронавирус се потврдени во светот минатата недела, што е највисок број од почетокот на пандемијата, објави Светската здравствена организација (СЗО).

Во преиод од 14 до 20 декември во светот биле регистрирани 4.612.790 новозаболени со коронавирус, а како резултат на вирусот починале 79.001 лице, соопштуваат од СЗО.

Повеќето од новозаразените, односно повеќе од 2,3 милиони се регистрирани во Северна и Јужна Америка.