Меси го собори рекородт на Пеле за најмногу погодоци во еден клуб 

Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси го подобри рекордот на легендарниот Пеле за најмногу постигнати голови за еден клуб. 33-годишниот Аргентинец веќе има 644 погодоци за Барселона, еден повеќе од Бразилецот. Според многу експерти, овој рекорд повеќе нема да биде соборен.

Барселона го совлада Ваљадолид со 3: 0 како гостин во натпревар од 15-то коло во Примера дивизија. Клемент Ленгли ги доведе Каталонците во водство во 21-та минута, а Мартин Брајтвајт зголеми на 2-0.

Историскиот гол Меси го постигна во 65-та минута. Со него го престигна Пеле, кој постигна 643 голови за Сантос од 1956 до 1974 година, по што помина две сезони во Њујорк Космос.