Нуредини: Со посветеност, подобрена регулатива и построги стандарди целиме кон еколошка и зелена држава 

Во отчетот за работата на МЖСПП во првите 100 дена од новата Влада, министерот Нуредини во однос на конкретни активности со кои МЖСПП се бори со загадувањето и директно влијае на остварувањето на правото на здрава животна средина на граѓаните во првите сто дена, министерот ги наведе следниве :

–   Поставена е нова мониторинг станица од Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух во Гевгелијаи извршена екомплетна замена на мерните инструменти во станицата Битола 1, со дополнително опремување со инструмент за мерење на PM2.5.

–   Од буџетски средства заменети се 30 мерни инструменти,и дополнително се набавени идва нови инструмента за мерење на ПМ 2. 5 честичките.

–   Преку ИПА 2, набавени и дистрибуирани се опрема и 39 возила за собирање на комунален отпад во Источниот и Североисточниот регион.

–   Завршена е имплементацијата на Системот за квалитет кој го предвидува стандардот за акредитирана лабораторија и во тек е проверка од Институтот за акредитација со што ќе се акредитирадржавна лабораторијаза животна средина како исклучително важно за контролата на загадувањето на терен и во пракса

–    Безбедно езавршен процесот на преточување на Винил Хлорид Мономерот од Охис, по што тој беше транспортиран и уништен во Германија.

–   Договорот со избраниот понудувач (фирмата Полиеко) за чистење на линданот од малата депонија во Охис и третман надвор од државата. Во Министерството започна процесот на одобрување на деталниот план за ремедијација и обезбедување на потребната документација за отпочнување со работа на терен.

–   сервисирана постојната опрема и набавена дополнителна нова опрема за процесот на редукција на шестовалентен хром во пречистителната станица во Јегуновце

„За побрзо зазеленување на нашата држава и зачувување на природните богатства, исклучително важно е да разбереме дека животната средина е обврска и бара ангажман од сите нас “ порача Нуредини во последниот дел од обраќањето укажувајќи на значајот од вклучувањето на сите чинители и сите механизми и капацитети на централно и локално ниво во процесите за спроведување на зелена агенда во државата. При тоа како активности во кои имаме интерсекторска соработка ги посочи:

–   Подготвување на листа на општини што мора да изготват Акциски планови за чист воздух согласно новите измени на законот за квалитет на амбиентниот воздух,

–   Мапирани се институциите кои ќе преминат на зелено гориво, со приоритет на здравствените установи и училиштата (мапирани се јавните згради кои се греат на мазут, нафта, екстра лесно масло, дрва и јаглен).

–   Доставена е листа на Задолжителни Стандарди за квалитет на цврсти горива до Министерството за економија за регулација на квалитетот на цврстите горива што се користат во домаќинствата

–   Со Министерството за финансии започната е иницијатива за одвојување на средства за субвенции за електрични и хибридни возила,

–   Како и за креирање на фонд за животна средина кој ќе остварува инвестиции во различни области на животната средина,

–   Поднесени се предлози до Министерството за здравство за воспоставување на заштитни зони околу 12 водни тела во РСМ

Со силна верба дека со поставување на повисоки еколошки стандарди и дека со заеднички сили во поддршката, примената и контролирата на исполнување на истите ќе успеема да да ја зазелениме нашата држава и да обезбедиме здрави животни услови за сите нас.

„Потребно е многу мало невнимание за деградирање на животната средина, а многу време и посветеност за нејзино враќање во живот.

Апелирам за вклученост и придонес на сите во борбата со загадувачите, во заложбите на институциите и во остварувањето на целите за одржлив развој. Зелениот развој е возможен, само бара одговорност од сите“ порача Нуредини.