Министерката за правда, Рената Дескоска на гостувањето во ТВ21, на емисијата „Клик плус“, рече дека во минатото Груевски и фамилијата превземале фирми и станувале сопственици, но и дека тоа време е веќе завршено. Додаде дека се што ќе се докаже дека е Рекет или поткуп, треба да се санкционира.
Понатаму после емисијата Дескоска во врска со оваа изјава се огласи и на фејсбук:
„Груевски ме почестил со своја реакција на моја изјава на дебатна емисија на ТВ21. Како одговор на неговата реакција сакам да потсетам дека во текот на дебатата за прашањата за кои реагира не кажав ништо ново што не можеше во минатиов период да се прочита во печатените и електронските медиуми. Сепак, вратата на мојот кабинет е отворена за г. Груевски, за да поразговараме за прашањата на кои реагира. Го поканувам да дојде…“