Груевски до Десковска: Нека се погледне во огледало пред вината да ја бара кај друг

По емисијата „Click Plus“ на ТВ21 во која министерката за правда, Рената Десковска рече дека фамилијата на Груевски презема фирми и стануваат сопственици синоќа преку Фејсбук  статус реагираше и екс-премиерот, Никола Груевски.

Тој ја повикува Десковска да каже барем една фирма која ја преземал со изнуда или без изнуда или на било каков начин, пред да го спомнува неговото име и да изнесе докази за тоа и веднаш нека ја конфискува.
А ако нема такво нешто и ако има малку доблест, дека треба да му се извини.

Груевски напиша и за тоа дека пред две години српскиот политичар Јеремиќ изјавил дека тој приватизирал фабрика за оружје во Србија за што ОЈО веднаш побрзало да објави дека за ова започнуваат истрага.

– Во овој контекст го повикувам Јовевски по две години откако под негово водство ОЈО објави дека ќе вршеле истрага, да ги објави резултатите од таа истрага, повика Груевски.

Исто така тој се осврна и на изјавата на Десковска дека изнела неточни информации околу дејствија поврзани со Законот за јазиците и случајот ТНТ.

– Јас немам од мене ангажиран адвокат во Македонија за случаите на СЈО повеќе од една година. Не личи на министер за правда кој претендира да биде сфатен сериозно да ја манипулира јавноста со фрази од типот “адвокатот на Груевски” направил ова или она, кога добро знае дека над една година немам ангажирано адвокат.Ако пак има доказ за такво нешто, ја повикувам да го објави, напиша Груевски.

Во тој контекст го спореди ангажманот на нејзиниот сопруг во неговата влада, ги застапувал интересите на државата и во тоа време си го завршил својот професионален дел во правец на одбрана на името и националниот идентитет, за што му бил платен хонорар, дека тој сега за сите негови чекори понатаму треба да се поверзува со него.

Понатаму во неговиот пост тој напиша:

Секој министер треба да знае што зборува, доколку сака народот да го смета за сериозен. Не е доволно само сериозно да изгледа. Народот ги цени зборовите и делата, фактите, искреноста, лагите и вистината а не само дали звучеле сериозно кажано кога се кажале.
А за барањето на извесен адвокат по националност Албанец, судот да му преведе се’ на Албански јазик, ја упатувам на самата себе како висок функционер на СДСМ и министер за правда. Тие на неуставен начин донесоа таков закон, а не јас. Кога предупредував во парламентот, кога реагирав на неуставното работење на парламентот и неуставниот закон за јазиците, каде беше тогаш Рената Десковска? Молчеше! Функцијата и привилегиите и беа помили од интегритетот.
Нека се погледне во огледало пред вината да ја бара кај било кој друг.

 

По повод интервјуто на Рената Десковска за ТВ 21, ја повикувам да каже барем една фирма која сум ја преземал со изнуда…

Posted by Nikola Gruevski on Saturday, December 14, 2019

Дескоска: Груевски и фамилијата превземаа фирми низ цела Македонија