МНР на Бугарија: Ниту една бугарска влада не може ги предаде 88 450 граѓани на Северна Македонија што имаат бугарско државјанство

и било неразумно да очекуваме дека бугарската позиција ќе се промени во наредните месеци, велат од Министерство за надворешни работи на Бугарија за  дневениот весник Труд.

Од министерството потенцираат дека ниту една бугарска влада не може да ги предаде 88 540 граѓани на Северна Македонија што имаат бугарски пасоши.

„Бугарија ќе продолжи со своите напори да им ги објасни на нашите партнери бугарските проблеми во врска со Република Северна Македонија. Очекуваме реален пристап на солидарност и разбирање од следното претседателство. Би било неразумно да очекуваме дека бугарската позиција ќе се промени. Оваа позиција е предмет на надпартиски консензус и 84% јавна поддршка. Да не заборавиме колку бугарски граѓани се наследници на бегалци од Вардарска Македонија. Според Министерството за правда, 88 450 граѓани на Република Северна Македонија, исто така, имаат бугарско државјанство. Ниту една бугарска влада не може да ги предаде овие луѓе“, посочиле од бугарското МНР.

Од МНР на Бугарија велат дека со одложување на усвојувањето на рамката за преговори, Бугарија го бранеше својот национален интерес и дека евентуално потпишувањето на анекс на договорот не може само по себе да ги реши отворените прашања.

„Веќе постои Договор за добрососедство од 2017 година ратификуван од обете страни и доставен до ООН, што Република Северна Македонија не го спроведува. Ништо не ни дава причина да веруваме дека друг потпишан документ ќе ја промени оваа практика на неисполнување на меѓународните обврски. Токму поради оваа причина, Бугарија инсистира на вклучување на специфични, следливи и обврзувачки услови за ова во рамката за преговори за Република Северна Македонија“, се вели во одговорот.

Од бугарското МНР велат дека не се против пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ, но не без гаранции за исполнување на Договорот за добрососедство.