Од денес за влез во Австрија задолжителен е 10 дневен карантин

Сојузната влада во Австрија во средата објави дека во однос на претстојните Божиќни празници ќе се воведе строг карантин, кој веќе постои во слична форма во неколку европски земји.

При влегувањето во Австрија од земја со 14-дневна инциденца со над 100 заразени на 100.000 жители ќе биде задолжителен 10-дневен карантин за сите кои влегуваат во земјата.

PCR-тест може да се спроведе од петтиот ден, ако резултатот е негативен карантинот ќе престане предвреме.

Оваа регулатива стапува на сила од денес (19 декември 2020 година) и се очекува да важи до 10 јануари 2021 година.

Исклучоци од мерката се патниците кои транзитираат низ земјата, медицинските работници, патување за професионални цели, хуманитарни сили …соопштуваат од австриската амбасада во земјава.