Фолксваген го забавува производството поради масовниот недостиг на делови

Фолксваген објави дека го забавува производството поради „масовниот“ недостиг на полупроводнички компоненти за автомобилската електроника, што е последица на нарушувањата за време на пандемијата.

Производителот на автомобили од Волфсбург соопшти дека фабриките за полупроводници го пренасочиле производството кон електронска потрошувачка и нема компоненти за автомобилската индустрија што се опоравува од нарушувања на пандемијата, вклучително и групацијата Фолксваген, но сега нема потребни електронски компоненти за составување на автомобилот се вели во соопштението на компанијата.

Недостигот ќе влијае на производството во кинеските, северноамериканските и европските погони во текот на првиот квартал од 2021 година, соопшти германската компанија, додавајќи дека ова се однесува на сите модели базирани на модуларна платформа: Фолксваген, комерцијални возила, Шкода, СЕАТ и во ограничена мера за Ауди.

Светската продажба на автомобили падна при првиот бран на пандемијата во април, но подоцна привремено се опорави.

Продажбата во Европа за 11 месеци годинава падна за 25,5 проценти во споредба со истиот период лани.

Во септември, продажбата се врати на раст од 3,1 процент во споредба со септември 2019 година, но повторно падна, бидејќи мерките беа заострени поради повторно зголемување на бројот на заразени луѓе ширум светот.

Така, продажбата на автомобили во ноември во светот изнесуваше само 12 проценти од продажбата во истиот месец претходната година.