Трамп ќе се вакцинира против КОВИД-19, еве кои од светските лидери ќе го стораат тоа јавно

Кои светски лидери, мажи, не се плашат од инјекции и веќе изразија желба да бидат вакцинирани за да им дадат пример на граѓаните?

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе биде вакциниран против КОВИД-19. Веста ја објави прес-службата на Белата куќа.

Трамп ќе ги повика американските граѓани да се вакцинираат и исто така ќе биде имунизиран во моментот кога неговите лекари одлучат дека тоа треба да се случи.

Наспроти тоа, новоизбраниот претседател Џо Бајден, како и неговите претходници Барак Обама, Бил Клинтон и Џорџ В. Буш, објавија подготвеност да бидат вакцинирани на телевизија.

Фајзер и Бионтек први започнаа со вакцинирање во Велика Британија , а британскиот премиер Борис Џонсон рече дека тој ќе биде првиот кој ќе се вакцинира на телевизија. Но, тој не го стори тоа, но прецизираше дека ќе почека да дојде неговиот ред.

Во Шпанија, премиерот Педро Санчез и неговата влада сакаат да вакцинираат помеѓу 15 и 20 милиони луѓе, со цел да имаат најмалку 2,5 милиони вакцинирани до крајот на февруари. Санчез ќе биде вакциниран и на телевизија.

Ова не е случај во Франција , каде на прашањето дали ќе го следи примерот на неговите колеги, претседателот Емануел Макрон рече дека нема да стори ништо за да им противречи на неговите апели до граѓаните. И како што вели – во оваа фаза не ги повикува Французите да се вакцинираат по секоја цена.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ги покани лидерите на сите политички партии да се вакцинираат со него. Тој и претседателот ќе бидат вакцинирани против КОВИД-19 што е можно поскоро.

На 27 декември, Израел започнува масовна вакцинација на населението. Премиерот Нетанјаху изрази подготвеност прв да го стори тоа. Планирано е да се вакцинираат околу 60.000 луѓе на ден. Израел набави 8 милиони вакцини за 4 милиони луѓе.