Јапонски Тојо Тајерс гради нов погон во Србија во кој ќе се вработат 537 работници чии плати ќе бидат над просечната. Изградбата на фабриката според најавите, ќе биде завршена до април 2022 година, а се планира годишно да произведува пет милиони Тојо гуми.
Претседателот Вучиќ истакна дека фактот што Јапонија ги избра Инџија и Србија за изградба на нова фабрика за гуми на компанијата „Toyo tires“ е голема победа на оваа земја затоа што обезбеди инвестиција вредна 382 милиони евра.
Такаши Шимицу, генерален директор на корпорацијата Тојо Тајерс рече дека внимателно ја бирале локацијата, дека конкуренцијата била прејака и дека нашле совршено место во Србија, односно Инџија каде што се гради фабриката.