Сувиот цвет на канабисот ќе може да се продава – Што содржи новиот закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции

На денешната 26та седница на Собранието како точка на дневен ред се најде и новиот Предлог-закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции.

Со новиот предлог – закон се овозможува извоз на сув цвет добиен со одгледување на канабисот за медицински цели така што на правните лица одгледувачи на канабисот им е овозможено веќе произведените количини на сув хербален производ како опојна дрога да ги пласираат на пазарите во Европа и пошироко.

Досега во Република Северна Македонија одобрение за одгледување на канабис за медицински цели по претходно добиена согласност од Владата на Република Северна Македонија имат добиено дваесет и девет фирми, со тенденција тој број да се зголемува. Интересот за инвестирање во Република Северна Македонија за одгледување на канабис за медицински цели е поради поволната бизнис клима, како и ефтината работна сила на пазарот на трудот. Интересот е зголемен и  поради рапидно зголемената цена на светската берза на маслото од канабис и сувиот цвет од растението канабис.

Надзорот над спроведувањето на овој закон и прописите врз основа на овој закон ги вршат Министерство за здравство, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерство за внатрешни работи, Агенција за лекови и медицински средства, Министерство за финансии-Царинска управа на РСМ, Агенција за контрола на одгледувањето и екстракцијата на канабис и производство на канабис и производи од канабис за медицински и научни цели и другидржавниинституции.

При формулирањето на новите законски норми земена е во предвид и појавата на нови психоактивни супстанции кои се широко достапни на потрошувачите поради недостаток на правна контрола, преку специјализираните продавници во онлајн продажба подржани со глобални синџири за снабдување што овозможуваат нарачка преку Интернет и транспорт на нови психоактивни супстанции што се пакуваат и се продаваат на нелегалниот пазар на лекови, се повеќе се присутни на територијата на државата.

Системот за рано идентификување во ЕУ информира дека секоја година рапидно се зголемува бројот на нови психоативни супстанциикои во најголем број претставуваат значителен ризик по здравјето и животот на потрошувачите.

Целта на донесувањето на нов закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, е спречување и сузбивање на злоупотребата на опојните дроги и психотропни супстанции, спречување на недозволено производство и промет на опојни дроги, психотропни супстанции и растенија од кои може да се добие опојна дрога и заштита на животот и здравјето на луѓето и контрола на употребата и на квалитетот на опојните дроги и психотропните супстанции.

Преку исполнување на целите за донесување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, треба да се обезбеди:

– систем на размена на информации помеѓу институциите надлежни за борба против дрога кој во сегашни услови е делумично воспоставен,

– воспоставен контролен механизам на производи кои во сегашни услови легално се продаваат како лекови “за издигнувања”, како “истражувачки хемикалии”, “растителна храна” и “купки за релаксација” а науката ги препознава како нови опојни или нови психотропни супстанции, oвие производи претставуваат значајни предизвици во јавното здравје,

– систем за рано предупредување и брза размена на податоци за производство, трговија, употреба и ризици од појава на нови психотропни супстанции и спречување на негативни ефекти по здравјето на луѓето, преку брза размена на информации со надлежните институции на национално и европско ниво,

– ќе се изврши разграничување на термините: одгледување канабис за медицински цели и одгледување на коноп за индустриски цели, што се користи исклучиво за производство на влакно, семе за исхрана на животни,

– ќе се регулира рекламирањето на растението канабис, производите, препаратите, екстрактите и тинктурите од растението канабис во конечен облик,

– ќе се допрецизираат надлежностите на органите одговорни за спроведување на законот и подзаконските акти донесени брз основа на овој законот,

– ќе се основа Агенција за контрола на одгледувањето и производство на канабис и производи од канабис за медицински и научни цели,

– ќе се дадат овластувања на јавна здравствена установа што ќе ги врши работите на Центарот за третман и намалување на штети од злоупотреби на дроги од министерот за здравство, и

– ќе се изврши усогласување на законот со европското право во оваа област.

Целиот закон може да го прочитате ТУКА.