Деменцијата е една од 10-те најсмртоносни болести

Светската здравствена организација (СЗО) ги вклучи Алцхајмеровата болест и другите форми на деменција меѓу првите 10 причини за смрт во светот.

Деменцијата се наоѓа на седмото место со скоро милион смртни случаи ширум светот.

Најсмртоносни болести минатата година биле кардиоваскуларните болести, мозочен удар, хронични опструктивни белодробни заболувања, инфекции на долниот респираторен тракт и неонатални болести, пренесоа светските медиуми.

Ракот на белоте дробови, дијабетесот и бубрежните заболувања се исто така во првите десет.

Дијабетесот е исто така меѓу новонаведените болести на списокот. Смртта од дијабетес се зголеми за 70 проценти за една деценија на 1,5 милиони минатата година.

Ковид-19 е на пат да биде меѓу првите 10 причини за смрт во 2020 година, бидејќи се пријавени повеќе од 1,5 милиони смртни случаи.

Просечниот животен век во светот е 73 години за 2019 година, околу шест години повеќе отколку во 2000 година.