Вкупен број од 40.000 луѓе, денес ќе чистат на 20 локации во градот.
Локациите се следни: Сарај – Треска, Аквадуктот – Каналот, СЦ Борис Трајковски, Кале, Музеј на современа уметност, Касарна Илинден, Јужен Булевар, Бихачка, Државно училиште за физичка култура – М.М Брицо, железничка и автобуска станица, улица Џон Кенеди, Собрание, улица Македонија, МКЦ и МРТВ, касарна Гоце Делчев , ул. Ферид Бајрам, ул. Александар Урдаревски, Европска Очна Болница – Јурија, ул. Индустриска и Кеј на река Вардар.
“За успешно спроведување на акцијата, на секоја од локациите одговорни ќе бидат самите раководители, односно премиерот, министрите, градоначалниците и директорите. Дополнително, секаде каде што е потребно, обезбедена е и соодветна механизација од претпријатијата на Градот Скопје. До локациите каде што е потребен превоз, истиот е обезбеден од ЈСП, а за сите вклучени во акцијата обезбедена е и соодветна опрема, како ракавици, ќеси (за отпад и пластика), како и маски за одредени локации”.