500 угостители од Македонија членки во НУК и 7-те здруженија – Еснаф од Битола, Прилепски меанџии од Прилеп, Тиквешки угостители од Кавадарци, Бисер од Куманово, Зут крушево од Крушево, Антигонеа од неготино и Охридски еснаф од охрид денеска пред Комисијата за заразни болести излегоа со свои заеднички предлог барања.
Како основно барање на сите угостители е да се врати нормалното работно време и настапот на естрадни уметници во угостителските објекти со почитување на останатите протоколи за работа.
Угостителите бараат да се прекине да се девалвираат угостителите и деградират угостителските објекти дека се најголемите жаришта за ширење на заразата со ковид-19 и сопствениот народ – гостите во угостителските објекти дека се неодговорни и дека не ги почитуваат мерките и препораките за превенција и заштита на јавното и личното здравје пред се.
Од НУК бараат да се формира заедничко работно тело и да се зададе итен рок за изготвување на стратешка програма и стратегија со предлог мерки, решенија и унифицирани протоколи дали, како и под кои услови и начини угостителите ќе можат да работат во наредната 2021 година
Дали најавата на членовите на комисијата за заразни болести за нов бран на заболени после нова година ќе биде реалност со поголем број ако дозволат во наредниот период да работат угостителските објекти или ако донесат одлука да не работат односно целосно ги затворат, прашуваат од НУК.
Затоа сметаат дека работењето на угостителските објекти со протоколи за новогодишните празници ќе влијае многу попозитивно и за угостителите и во интерес на јавното здравје отколку сето тоа да остане да се случува неконтролирано на приватни имоти без никакви протоколи.
Од НУК бараат да се соочи комисијата за заразни болести дека живееме во 21ви век кога со примена на технологијата можеме многу повеќе да направиме и допринесеме во превенција и заштита на ширењето на ковид-19 во однос на било која рестриктивна мерка која ќе предизвика неконтролирано и зголемено непланско ширење на заразата.
Од НУК до Комисијата за заразни болести поставуваат хипотетичко прашања чисто за размислување?
Што правиме со тие што прележале ковид-19?
Дали за нив треба да важат важечките протоколи како што се дистанца, носење маска и слично и да им забраниме и ограничиме можноста за нивна посета на угостителски објекти или смееме за нив да отвориме посебни угостителски објекти каде нема да има потреба од сите овие ограничувања и протоколи за работа?
Што правиме ако се направи ковид-19 настан, журка, забава, прослава дочек за нова година доколку можат да го посетат само за тие што прележале ковид 19?
Целосните барања на НУК може да ги погледенете ТУКА.
