Кога граѓаните ќе ги добијат субвенционираните инвертери? За греење или за ладење?

Собраниската Комисија за финасирање и буџет вчера поддржа предлог одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетски корисници на централната власт и помеѓу фондовите за финансирање субвенции за граѓаните за набавка на инвертер клима во износ од 620 милиони денари.

Парите се обезбедени од „ЕСМ” , но преку централниот буџет ќе бидат префрлени на општините, а потоа на крајните корисници, објаснија од Министерството за финансии по дилемите и сомнежите од пратениците од опозицијата на седницата на Комисијата, зошто парите се обезбедуваат од буџетски корисници.

Мерката што ја најави Владата како дел од активностите за справување со проблемот со загадувањето треба да ја искористат 10.000 граѓани, од кои 5.200 во Скопје, по 2.500 во Битола и Тетово и 800 во Кичево.

Во текот на расправата пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија побара да се преформулира одлуката затоа што смета дека е дискриминаторска за граѓаните од другите градови во државата за кои не се предвидени субвенции. Неговиот сопартиец Драган Цуклев ја окарактеризира мерката на Владата како лицемерие со оглед дека наспроти заложбите за купување инвертери се дозволува увоз на нафтен кокс без акцизи.

– Првично најавувавте дека субвенциите ќе бидат реализрани преку ЕЛЕМ, сега гледаме дека ќе бидат субвенционирани од буџетот.

Пратеникот од СДСМ Диме Велковски се согласува дека одлуката, како што рече, малку дискриминирачка во делот на плановите за инверторите. – Избраните четири градови се со највисоко загадување, иако овој проблем го имаат и другите. Ова е мерка која се надевам дека малку од малку ќе ја намали емисијата на штетни гасови. Направени се цели планови и анализи. Ако застанеме само на оваа мерка не сме направиле нишно. Јас сметам дека оваа мерка треба да ја добијат овие градови, да почне во прва фаза, апотоа и да продлжи, рече Велковски.

Мерката за субвенционирање на инвертори, Владата ја најави уште на стартот на зимата, со цел намалување на загадување на воздухот. Според највеното, предност за добивање на субвенционирани инвертори ќе добијат ранливите категории граѓани. Мерката ќе ваќи за жителите на Скопје, Тетово, Кичево и Битола како градови каде се дише најзагаден воздух, не само во Македонија, туку и во светот.