Без малку шест часа траеше увидот во доказите на пратеничката и потпретседателка на Собранието Фросина Ременски за случајот со работата на невладината „Меѓунардоен сојуз“ во кој таа е осомничена дека помагала во извршувањето на кривичните дела „Измама“ и „Перење пари“
Ременски вели дека не го завршила целосно увидот и дека до сега не нашла докази дека е виновна за кривичното дело за кое што е осомничена. Прашана зошто се обиде да ги избегне камерите таа праша дали новинарите се новинари или вратари во обвинителството за гонење организиран криминал.
Ременски тврди дека класифицираните документи пронајдени во нејзиниот дом содржат докази за сериозен криминал поврзан со шпионажа.
Денеска увид во доказите требаше да извршат и Бојан Јовановски, претседател на сојузот и неговиот татко Миле Јовановски. Но, на нивно место тоа го направи адвокатот Сашко Дуковски.
Целата вест на 24ТВ
