МЖСПП: Можни се прекини на податоците за квалитетот на воздухот од мерните станици

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека можни се прекини во достапноста на податоците од мерењата на одредени загадувачки параметри во Автоматските мерни станици за квалитетот на воздух. 

Како што информираат од министерството поради инсталација на нови мерни инструменти за мерење во Автоматските мерни станици за квалитет на амбиентен воздух, почнувајќи од 12.12.2020 година па во наредните 7 дена, можни се прекини во достапноста на податоците од мерењата на одредени загадувачки параметри поради стабилизација и тестирање на новите мерни инструменти.