Не е секогаш лесно да се процени нечиј IQ, но однесувањето во конфликтни ситуации може да покаже колку всушност сме интелигентни.
Секогаш префрлање вина на друг
И покрај тоа што знаете дека сте згрешиле, се обидувате да ја свртите ситуацијата во своја корист со тоа што ќе ја префрлите вината на некој друг? Интелигентните луѓе никогаш нема така да постапат. Тие учат од своите грешки.
„Помалку интелигентните луѓе не сакаат некој да ги осудува за нивните грешки и попрво би ја префрлиле вината на некој друг“, тврди Травис Брадбери, автор на книгата „Emotional Intelligence 2.0.
Секогаш да се биде во право
„Помалку интелигентните луѓе сакаат да го наметнат своето мислење“, тврдат научниците од универзитетот Корнел.
Од друга страна, луѓето со висок IQ подобро се снаоѓаат во конверзација и уважување на туѓите мислења.
Изразување гнев во конфликтни ситуации
Помалку интелигентните луѓе често реагираат агресивно во тешки ситуации, откриле научниците од Универзитетот „Мичиген“.
Интелигентните личности точно знаат како да се однесуваат во конфликтни ситуации, па своето мислење го кажуваат јасно и аргументирано. Во тие моменти не се непријателски настроени и нељубезни.
Игнорирање на потребите на другите
Кај интелигентните луѓе не се врти целиот свет исклучиво околу нив. Луѓето со висок IQ знаат како треба да постапат со другите луѓе, емпатични се и се интересираат за проблемите на другите, тврдат научниците од Универзитетот „Тексес тич“. Тие за возврат не очекуваат ништо.
Озборување на луѓе
Интелигентните личности ќе направат се за да ги мотивираат другите и да помогнат, бидејќи имаат здрава доза на самодоверба и не се плашат од конкуренција, тврдат канадските научници.