СЗО во борба со лажните вести: Витамините не може да излечат Ковид-19, маските не предизвикуваат недостаток на кислород

Светската здравствена организација (СЗО) предупредува дека секојдневно сме изложени на огромна количина на информации за КОВИД-19, и дека не сите се сигурни. Тие нудат совети за разликување и запирање на ширењето дезинформации.

Додатоци на витамини и минерали не можат да излечат КОВИД-19
Микронутриенти, како што се витамини Д и Ц и цинк, се клучни за добро функционирање на имунитетот и играат витална улога во промовирање на здравјето.

Исто така корисно е за вашето општо здравје да одржувате балансирана исхрана, да бидете добро хидрирани, редовно да вежбате и доволно да спиете.

Според СЗО Во моментов нема упатства за употреба на овие додатоци како третман за COVID-19.

Носењето маски не предизвикува недостаток на кислород

Продолжената употреба на медицински маски кога е правилно носена, НЕ предизвикува интоксикација со СО2, ниту недостаток на кислород.

Продолжената употреба на медицински маски може да биде непријатна. Сепак, тоа не доведува до интоксикација со СО2 ниту до недостаток на кислород.

Додека носите медицинска маска, проверете дали се вклопува правилно и дали е доволно затегната за да ви овозможи да дишете нормално.

Не ја користете повторно маската за еднократна употреба и секогаш менувајте ја веднаш штом ќе се навлажни.

Луѓето НЕ треба да носат маски кога вежбаат, бидејќи маските можат да ја намалат можноста за удобно дишење.

Пот може да направи маската да стане влажна побрзо, што го отежнува дишењето и го промовира растот на микроорганизмите, предупредуваат од СЗО.