Во рамките на регионалниот проект на ЕБОР за изготвување на инвестициски анализи на котирани компании, во кој учествува и Македонска берза, денес е објавена инвестициска анализа за НЛБ Банка АД Скопје подготвена од страна на консултантската компанија WOOD & Company.
НЛБ банка АД Скопје е трета по големина банкарска институција и една од водечките банки во Северна Македонија, која припаѓа на Словенската НЛБ Групација, која има стратешки удел од 87%.
Банката е основана во 1985 година и работи како комерцијална банка, извршувајќи ги сите банкарски услуги за клиенти низ целата земја, од 1993 година. Една од стратешките заложби на банката е финансирање и поддршка на малите и средни претпријатија во земјата.
Анализата е на англиски јазик и може да се преземе бесплатно од специјално креираниот веб портал за овој проект на ЕБОР, на следниот ЛИНК.
Анализите од консултантската компанија WOOD & Company, во ракмите на овој регионален проект има за цел да им се излезе во пресрет на инвеститорите, да се привлечат нови потенцијални инвеститори и да се поттикне развој на пазарите на капитал во регионот.
