Божидар Јанковски стана сопственик на Дајнерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ

Досегашниот извшрен директор на Финансиското друштво Дајнерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ Скопје и сопруг на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, Божидар Јанковски стана сопственик на компанијата.

До промени во сопственичката структура дојде откако Ерсте Кард Клуб д.о.о. Загреб, Хрватска му го продаде целосниот удел на Јанковски.

За прв пат Дајнерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ станува директен сопственик на франшизата, со склучување франшизен договор со Diners Club International Ltd. како компанија за директни банкарски и платежни услуги во сопственост на Discover Financial Services (NYSE: DFS), еден од најпознатите брендови во финансискиот сектор на САД.

Со тоа Дајнерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ Скопје го презема ексклузивното право за издавање на Дајнерс Клуб картичка, како и можноста за натамошен развој и работење на брендот во Република Северна Македонија.