Eкологија и климатски промени да стане редовен предмет во училиштата

Младинската организација на ДОМ му предлага на Министерството за образование и наука од наредната учебна година задолжително да се воведе во редовната настава предметот Животна средина и климатски промени.

– Во моменти кога светот се соочува со последиците од климатските промени за кои Зелените алармираат повеќе од една деценија, глобалните климатски маршови се предводени од учениците, а општеството е фокусирано на одржливи решенија и спас на планетата. Изучувањето на проблематиката на климата, начинот на реагирање и дејствување, одржливиот развој и светски познатата методологија климатска правда би бил соодветен модел за подготвување на младите во училиштата за проблематиката, наречена климатски промени – велат од МОДОМ.

Ваков мoдел веќе е подготвен да се имплементира од наредната година во Италија каде што учениците ќе посетуваат 33 часови годишно односно 1 час неделно посветен на климатските промени.