Производителите на медицинска марихуана од здружението „Макканабис“ побараа од Собранието итно да го донесе законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци кој помина во Владата, односно да се донесе пред распишување на изборите, да биде донесен по скратена постапка, со цел да биде изгласан на наредната седница.

„Апелирам до сите политички чинители во државава да престанат игрите со донесувањето на новиот Закон за опојни дроги и психотропни супстанции, кој како некој намерно да не сака да се донесе. Апелирам до сите партии, а најмногу до трите најголеми партии во земјава СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да престанат со ситно политичко профитерство и здружено да се донесе овој закон пред да се распишат предвремени парламентарни изборит“, истакна Костадин Дуковски, претседател на Здружението „Макканабис“ на прес-конференција.

Со одолговлекувањето на донесување на законот, губат сите кои инвестирале во овој бизнис, а најмногу, губи државата, вели Дуковски.