Временска прогноза за денес и претстојниот викенд

Од УХМР најавуваат дека времето денес ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, претежно во источните делови. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утре претпладне по котлините има можност за појава на магла. Во текот на утрешниот ден ќе биде променливо облачно, попладне со врнежи од дожд кои на места ќе бидат и пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

За време на викендот ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег