Големата полициска акција во Арачиново продолжува и денес, МВР наскоро со информации

Фото: МВР вежба

Во Арачиново се уште трае полициската акција која започна доцна вчеравечер. Полицијата сè уште постапува во врска со акцијата од синоќа во скопско Арачиново, во која е запленета поголема количина марихуана, информира портпарлот на МВР, Тони Ангеловски.

Првичните информации се дека станува збор за марихуаната која во петокот беше украдена од магацин за склад на марихуана во Јосифово.

Тогаш МВР во полицискиот билтен информираше дека кражбата се случила околу 3 часот наутро.

За големата полициска акција официјални информации од МВР се очекуваат во текот на денешниот ден по целосно завршување на акцијата.