Нивото на Охридското езеро под дозволениот минимум, а никој не превзема ништо

Нивото на Охридското езеро и понатаму продолжува да опаѓа.Според табелата на ЕСМ водостојот денеска е на 693,08 м.н.в или 2 сантиметри под минимално дозволената кота. Грешката велат хидробиолозите е во тоа што се дозволи децении наназад езерото да претставува акумулација за производство на електрична енергија.

Спиркоски од Хидробиолошкиот институт потенцира дека со новите планови кои се во фаза на разработка се предвидува формирање на едно тело кое ќе управува со охридското езеро и кое ќе носи одлуки од страна на експерти за понатамошното искористување на ресурсите на езерото.

Од хидробиолошкиот институт велат дека треба да  се изнајде модел кој ќе ги опфати договорите помеѓу Македонија и Албанија кои треба да претрпат ревизија  за понатамошно успешно  управување со Охридското езеро.

Инаку нивото на Охридското езеро продолжува да опаѓа според денешните мерења тоа се наоѓа на 693,8 метри надморска височина што е за два сантиметри под дозволениот минимум.

Зголеменото користење на водните ресурси на Охридското Езеро предизвикува осцилации кои негативно влијааат  по живиот и  растителниот свет но доведуваат и до нарушување на објектите на самиот брег.